„Нов скандал со непотизам, повластување роднини во културата во Македонија: виолинистот Блерим Груби од Македонската филхармонија заедно со синот, ќерката, сопругата и самиот тој добиле близу 30 илјади евра од Министерството за култура.“ – вели аналитичарот Сулејман Мехази во својата колумна со наслов „Скандалите со непотизмот во културата во Македонија“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.
Мехази пишува: „Откако медиумите заедно со опозициските партии премолчуваат за скандалите на непотизмот, повластувањето на роднините, остануваме сами во борбата да се покажат вистинските лица на уметниците и писателите, кои немаат срам.“
„Покрај скандалот со непотизмот на познатиот пеач Селами Колоња, еве го и вториот скандал во Министерството за култура: повторно семеен непотизам овојпат на Блерим Груби, истакнатиот виолинист во Македонската филхармонија. Блерим Груби заедно со синот, ќерката, сопругата и самиот тој од Министерството за култура добиле близу 30 илјади евра.“
„Мнозинството работници ниту на сон не виделе 30 илјади евра, иако цел живот работеле чесно и со пот се до пензионирањето.“





