Грчева: „Премиерот Џонсон ќе го поддржи Ковачевски на панаѓурскиот пат кон ЕУ – а тој и Британија избегаа од ЕУ!“

Преку реакција на својот фејсбук-профил претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка Солза Грчева иронично се осврна на објавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој на фејсбук објави дека „пријателството меѓу Обединетото Кралство и с.Македонија, како и сојузништвото во НАТО, се силни влогови за безбедноста и стабилноста“, откако оствари средба со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Грчева напиша:
„Борис Џонсон ќе го поддржел страсно Ковачевски на неговиот панаѓурски пат кон ЕУ.
А самиот клисна од истата, без да се сврти назад.“

А Ковачевски на фејсбук дополни: „Обединетото Кралство е наш стратегиски партнер и во континуитет ни дава силна меѓународна поддршка. Премиерот Џонсон ни честиташе за сите наши заложби за спроведување конструктивен дијалог, кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за евроатланска интеграција.“