Ѓиамброне: „За роднините на жртвите во ковид-центарот во Тетово суров надомест од 30.000 евра“

„На роднините на настраданите во трагедијата во модуларната ковид-болница во Тетово им е понудена отштета од 30.000 евра, под услов јавно да не се зборуваат за тоа. Овој надомест е суров и навредлив. Тој е надвор од секој стандард. Вака за ТВ Шења коментира италијанскиот адвокат Габриеле Ѓиамброне, ангажиран од Ибин Емшиу од тетовското село Синичане, со државјанство и престој во Италија. Преку правни застапници Емшиу првин бара правда за загубата на татко му и брат му, но и реален надомест според европските стандарди.“ – објави телевизијата на албански јазик „Шења“ во својата информација со наслов „Италијански адвокат: ‘Срамно е обештетувањето за членовите на семејствата на оние што настрадаа во трагедијата во Тетово“.

ТВ Шења пишува: „Адвокатот Габриеле Ѓиамброне вели: ‘Пред се, бараме да се постигне правдата. Покренавме постапка за граѓанско обесштетување. Лицата што ги застапуваме беа жители на Италија од 2010 година, така што имаме право да бараме компензација според италијанскиот закон. Слушнавме дека на некои жртви им е понудена отштета од 30 илјади евра, под услов на доверливост. Оваа компензација е сурова и не е во согласност со ниту еден европски стандард. Триесет илјади евра е навредливо обештетување за некој што ги загубил таткото и братот во такви околности.“

„Адвокатот Ѓиамброне објаснува дека, според италијанскиот закон, за вакви случаи, кога граѓански лица го губат животот во државна институција, членовите на семејството имаат право на отштета од најмалку 350 илјади евра. ‘Ќе започнеме процедура во Италија. Ќе ги тужиме Владата на с.Македонија и Министерството за здравство и ќе оставиме италијански судија да одлучи дали сме во право за нашите тврдења. Да дадеме идеја за ова прашање: според италијанските закони обештетувањето во вакви случаи е до 350 илјади евра, можеби и повеќе.’ – укажува Ѓиамброне.“

„Адвокатската канцеларија на Ѓиамброне, која е една од најдобрите во Италија, уште од октомври минатата година се обидувала да стапи во контакт со поранешниот премиер Зоран Заев, Министерството за здравство и со Министерството за правда, но се соочувала со игнорирање. Адвокатот испратил и барање за вклучување во истрагата и за пристап до извештаите на германските експерти, но секогаш наидувал на затворена врата. Тој нагласува: ‘Досега имаме нула помош од с.Македонија. Баравме да бидеме вклучени во истрагата, но бевме игнорирани. Сега побаравме копија од извештајот на експертите, но тоа не ни е дадено.“

„Ибн Емшиу ги загуби 28-годишниот брат и таткото за време на пожарот, што го зафати ковид-центарот во тетовската болница вечерта на 8 септември. Во пламените јазици, покрај двајцата членови на неговото семејство, животот го загубија уште 12 лица. с.Македонија ја прифати германската помош во истрагата на случајот. Извештајот на германските експерти е комплетиран и е доставен до Обвинителството. Но, обвинителството досега не се покренало да постапи врз основа на наодите од извештајот.“ – објави ТВ „Шења.