86.000 Македонци решиле да извадат бугарски пасош

Бугарските власти излегоа со официјални податоци за тоа колку странци поседуваат бугарски пасоши. Како што наведува агенцијата БГНЕС, во последниве 15 годни тоа го сториле точно 86.566 македонски граѓани.



Ова е многу помала бројка колку што сакаа да претстават бугарските власти. Се фигурираше со бројки од 200.000 до 300.000 лица. Врз овие нереални бројки Бугарија се повикуваше на некакви права на македонските граѓани кои сметаат дека се Бугари.

Во процедура за бугарски пасош во моментов се 3500 македонски граѓани.

На второто место за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија а четврта Албанија.