Хајредини за владеењто на ДУИ: Додека Македонците бараат Албанци ,,верни на УДБА до гроб”

Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини во пост Фејсбук, анализира до кога ДУИ ќе биде на власт односно кога ќе започне да ја губи поддршката на албанските гласачи во Македонија.



„ДУИ не е на власт затоа што “постојано се менува и секогаш е чекор пред другите…”, или “…способноста постојано да се реформира…”, дека “Албанците најмногу се наклонети кон либералната демократија”, дека е “најдобро консолидирана политичка партија кај етничките Албанци”, “со јасна политичка идеологија, со каузи комплементарни со евроатлантските агенди…”, “со нејзиниот капацитет за промени и внатрешни реформи” и дека “е толку реформирана што изгледа понова во споредба со новите партии…”, ниту, на крајот, затоа што “се трансформираше во зелена партија”, вели Хајредини.

„ДУИ е на власт, зашто и ВМРО и СДСМ, “за да бидат раат цел мандат” ( Груевски), со години од буџетот му ги плаќаат гласачите, зашто со закон го забранија објавувањето на кривичните дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушкувања, зашто надлежните органи неговите (на ДУИ) функционери не ги гонат кога бесправно на узурпирано земјиште градат, кога од огнено оружје пукаат на партиски собири и свадби. ДУИ е и ќе биде на власт сè додека ВМРО и СДСМ, или било која друга македонска партија, во коалиција ќе сака да биде со на удба до гроб верни Албанци, или кои “не вредат ни пет пари” (Заев)“, пишува Хајредини.