Државниот пензиски фонд е стабилен, пензиите ќе се зголемат, одржливоста на ПИОМ нема да се наруши – ова се оценките на владата во пресрет на најавеното зголемување на пензиите преку промена на методологијата за пресметка на растот.
Државниот ПИОМ 2021-ва за испалта на пензии потроши скоро 1,3 милијарди евра.
Според последните инфромации во земјава има 326.841 пензионер.
Најголем број од пензионерите – според исплатените пензии за јануари 2022 и по усогласувањето од 2,9 проценти – земаат пензија до 14.000 денари, објави ТВ24.
– До 11.500 денари – 89.174 пензионери
– Од 11.500 до 14.000 денари – 66 775 пензионери
– Од 14 000 до 18 000 денари – 69 500 пензионери
– Над 18 000 денари – 101. 392 пензионери






