Канадската полиција употреби спреј и гранати против демонстрантите кои ја окупираат централна Отава повеќе од три недели.
Откако беше укинат дел од блокадата и беа уапсиени повеќе од 100 лица, органите на редот вчера успеаја да го растурат најголемиот дел од блокадата пред парламентот и пред кабинетот на премиерот. Повторно имаше приведени.
„Ви рековме да заминете. Ви дадовме време да го направите тоа. Постапувавме бавно и методично додека бевте агресивни кон полицајците и коњите“, објави полицијата на Твитер во соопштение до возачите на камиони.
Некои од приведените во торбите и возилата носеле панцири, димни гранати и други пиротехнички средства. Униформираните лица ги искршиле стаклата на некои од камионите за да ги уапсат луѓето заклучени во нивните кабини.
Протестот на возачите на камиони, познати како „Конвој на слободата“, ја повикаа владата да ги укине задолжителните вакцини и другите ограничувања и окупираше делови од центарот на Отава од крајот на јануари. Т
Канадскиот премиер Џастин Трудо предупреди дека ќе преземе итни мерки за да и даде на федералната влада дополнителни овластувања за справување со протестите.







