Проектили паѓаат на пат – снимка од гранатирање во Украина (ВИДЕО)

Заедничката воена команда на Украина објави снимка на која се гледа гранатирање на преминот Шастја северно од градот Луганск кој го држат проруските бунтовници.



Може да се видат неколку облаци од чад додека проектилите паѓаат на патот. Снимката е направена околу 11:30 часот по локално време.

Министерството за надворешни работи на Киев тврди дека „Русија гаѓала хуманитарен конвој“ од канцеларијата на комесарот на Обединетите нации, додека се враќал од територијата под контрола на бунтовниците, пренесува Гардијан.

Нападот, според Киев, претставува „грубо кршење“ на договорот за прекин на огнот, се наведува во соопштението.

Денес украинското министерство за надворешни работи соопшти и дека оружени формации отвориле провокативен оган долж целата линија на контакт во регионот Донбас, што значително ја влошило и онака лошата безбедносна ситуација.