Министерството за надворешни работи на Германија денеска ги повика германските граѓани да ја напуштат Украина, бидејќи тензиите меѓу Русија и Украина дополнително се зголемија.
Германските граѓани се повикани да ја напуштат земјата сега, се вели во соопштението на Министерството, пренесе Ројтерс.
Воен конфликт е можен во секое време“, се вели во соопштението.
Водечката авиокомпанија во земјата, Луфтханза, исто така објави дека ги прекинува летовите до и од Киев.
„Ова се однесува на сите полетувања од понеделник, 21 февруари до 28 февруари 2022 година“, соопшти Луфтханза.
Денеска и Австрија, исто така, ги повика сите свои граѓани „веднаш“ да ја напуштат Украина, со исклучок на оние кои моментално живеат во западна Украина.
На почетокот на овој месец, голем број земји ги повикаа снивните граѓани да ја напуштат Украина поради тензиите со Русија.





