По синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што информира Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна седенка во селото Златар, на која синоќа на полноќ беше убиен полицаецот од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега.
Ниту еден од 15-те полицајци, кои присуствувале синоќешната седенка не бил таму во својство на службено лице.
– Повреденото лице, во случајов полициски службеник, е пренесен во болница, но и покрај напорите на лекарите тој починал како последица на здобиените повреди“, се наведува во соопштението на КПИ.






