Милијардерот Бил Гејтс на конференцијата во Минхен предупреди дека светот чека нова пандемија по корона вирусот. Како што напомена, таа епидемија ќе биде предизвикана од патоген од семејството на корона вирусот. Гејтс смета дека ризикот од корона вирусот е драстично намален поради фактот што голем број луѓе се имуни и поради тоа што се појави омикрон, чии симптоми на инфекција се поблаги.
Гејтс процени дека со напредокот на медицинската технологија, светот може полесно да се бори со пандемијата. За да се случи тоа, тој повика на повеќе инвестиции во медицинските истражувања.
Истовремено додаде дека луѓето во голем број земји стекнале имунитет по природен пат, а не со вакцинација, и заклучи дека во случај на следната пандемија, вакцините ќе треба да се дистрибуираат за шест месеци, а не за две години.
Целта на Светската здравствена организација (СЗО) до средината на оваа година да вакцинира 70 отсто од светското население не е постигната.





