Хрватска: Уапсен министерот за градежништво

Хрватската полиција Во соработка со Бирото за сузбивање на корупција и организаиран криминал (УСКОК) утрово изврши претрес во куќата на министерот за градежништво Дарко Хорват во Меѓумурје.



Министерот Хорват е уапсен, а попладне ќе биде сослушан.

Според неофицијални информации, станува збор за истраги поради повеќемилионски незаконски стимулации. Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац.

Заедно со Хорват, под истрага се и уште двајца поранешни министри, осомничени дека барале вработување преку врски.