Добро информиран профил на социјалната мрежа Твитер ја потсетува јавноста дека Јавното обвинителство цели 6 месеци молчи за случајот со протераниот руски дипломат кој пред повеќе од половина година влегол во системот на МНР.
Според неофицијални информации со помош на луѓе кои имале пристап во МНР и системот за Крипто – заштита рускиот диоломат имал допир со класифицирани информации со највисоко ниво на доверливост.
Засега нема потврда дека рускиот дипломат кој подоцна беше протеран од Македонија успеал да добие и класифицирани и заштитени информации кои биле комуницирани со НАТО и со тоа е загрозена и внатрешната безбедност на Северно – Аталанската алијанса.
Министерот Османи досега не дал сериозен одговор на скандалот ниту јавноста дозна кој е виновникот за скандалот.
Во потсетувањето на твитерџијата се поставува и прашањето зошто за овој случај освен јавниот обвинител молчат и македонските новинари, од кои дел имаат сериозни буџети и ресурси со кои можат да истражуваат вакви и други случаи.
Зошто + 6 месеци Јавниот Обвинител Љубомир Јовески не поведува постапка против БОДИГАРДИТЕ на @Bujar_O кои овозможиле пристап на протераниот Руски дипломат во компјутерскиот систем на МНР ?
–
Што ќутите бе новинари, Бујар, Теута, Артан да не се родени со доживотен имунитет ? pic.twitter.com/9yA1mgCBht— Демир (@Trollowsky) February 19, 2022






