Чепреганов: „Нацифашизмот е жив во Бугарија – таа учествуваше во уништувањето на Евреите во Втората светска војна“

„Високо кренатата рака наедно беше и првиот јавен настап на бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски во Парламентот на Европа и пред европската јавност, која имаше можност во живо да го почувствува духот на фашистичката кореографија што во одреден момент излезе од темните дамари на бугарското историско наследство право на светлината на денот во една од највисоките европски институции, демонстрирајќи најбрутална ерозија на европските вредности и принципи, на кои се темели Европската Унија.“ – вели Митко Јовановски во својата анализа со наслов „Фашистички поздрав од срцето на Европа“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Што и да прави, Бугарија не може да ја избрише вистината од своето минато

Јовановски пишува: „Нацистичкиот поздрав на бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски во Парламентот на Европа беше јавна промоција на фашистичката идеологија, зад која досега, помалку или повеќе, успешно се затскриваат одредени (не сите) политички структури во Софија. Високо кренатата рака наедно беше и првиот јавен настап на бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски во Парламентот на Европа и пред европската јавност, која имаше можност во живо да го почувствува духот на фашистичката кореографија што во одреден момент излезе од темните дамари на бугарското историско наследство право на светлината на денот во една од највисоките европски институции, демонстрирајќи најбрутална ерозија на европските вредности и принципи на кои се темели Европската Унија.“

„Но затоа македонските граѓани секојдневно се сведоци на отворените профашистички испади од бугарските националшовинистички кругови, кои стануваат сѐ позачестени по отворањето на македонско-бугарските преговори, формулирани во пакетот пет плус еден. Изминатите денови од Бугарија пристигнуваат вести и информации за величење на делата на бугарските фашисти од Втората светска војна, наедно проследени со негирање на злоделата на бугарската окупаторска војска врз македонското население, како и со негирање на антифашистичкиот отпор во Македонија.“

„Најекстремен во искажувањето на антимакедонските ставови е бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој постојано порачува дека ‘Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот’. Тој ја имаше повторно главната улога во завчерашниот настап, кога на крајот од седницата на Европскиот парламент направи нацистички поздрав. Оваа постапка беше ‘благо’ критикувана од претседателката на Европскиот парламент, која се огласи преку својот твитер-профил за ваквиот гест на Џамбаски!“

„Во Бугарија има сѐ повеќе примери за возобновување на фашистичката идеологија. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, од редовите на ГЕРБ, неделава предизвика остри реакции во домашната јавност, откако изјави дека ние во Македонија не би смееле да го празнуваме Денот на востанието на македонскиот народ, кој традиционално секоја година се одбележува на 11 октомври. Ковачев во изјавата за бугарска телевизија истакна дека празникот 11 Октомври е спорен и дека во целокупниот договор меѓу двете земји, за да се симне ветото за нашата интеграција во ЕУ, треба ние да се откажеме и од празнување на ‘првата пушка’ (?!).“

„Настапот на бугарскиот европратеник покажува дека нацифашизмот е жив во Бугарија. Повторно реакцијата на европските институции ќе биде едноставно оградување и наводно преиспитување на целиот случај со гестикулацијата на Џамбаски. Во срцето на Европа има обиди за возобновување на нацистичката и фашистичката политика и тоа се прави преку Бугарија. Јасно е дека Бугарија во Втората светска војна била на страната на фашистите, а најголем доказ за тоа е учеството на бугарската држава во холокаустот, уништувањето на Евреите. Од македонска страна не треба да се отстапува од овие позиции и затоа е потребна сериозна реакција од нашето министерство за надворешни работи, Владата и парламентот.’ – ни изјави историчарот Тодор Чепреганов.



„Списокот на фашистички и антифашистички изјави дадени од високи бугарски политичари е долг. Бугарските власти, но и во Европската Унија, останаа глуви на изјавите на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој отворено го негира постоењето на фашистичкиот режим во Бугарија, но затоа беше подготвен да ‘испрати инженерски полк и да ги отстрани спомениците и спомен-плочите на кои пишува фашистички окупатор“. – истакнува Митко Јовановски, покрај другото, во својата анализа.

Интернет – врска до целата анализа:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/fashistichki-pozdrav-od-srceto-na-evropa/