Џонсон ги повикува сојузниците на солидарност против руска агресија

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе ги повика своите колеги, западните лидери, дека само голема солидарност наспроти руската агресија може да спречи разорен конфликт во Украина, објави Гардијан.



„Сè уште постои шанса да се избегне непотребното крвопролевање, но за тоа ќе биде потребна голема доза на западна солидарност надвор од се што сме виделе во поновата историја. Сојузниците мора да зборуваат со еден глас за да ја нагласат високата цена на претседателот Владимир Путин, што тој ќе плати за секоја следна руска инвазија на Украина,

Ова е пораката што ќе ја однесам во Минхен денес додека ги удвојуваме нашите напори да спречиме сериозна грешка што би ги уништила Украина, Русија и остатокот од Европа.

Владата подготви пакет санкции подготвени да бидат воведени кон Русија во случај на ескалација на конфликтот.

Обединетото Кралство кое е редовно обвинувано дека ги примал богатите Руси поврзани со Кремљво четвртокот објави дека ги укинува „златните“ визи за инвеститорите од Ниво 1, кои им овозможуваат на богатите странци да аплицираат за државјанство, како дел од „обновената борба против измамите и незаконските финансии“ – потег што нашироко се гледа како затворањето на влезниот пат што го користат руските олигарси.