Лидер: Филипче ќе има полициско обезбедување поради закани по живот!

Полицијата и понатаму ќе го чува Венко Филипче, иако веќе не е министер за здравство – дознава Радио Лидер од полициски извори.



Вчера Венко Филипче поднел барање до МВР да продолжи со негово лично обезбедување и возач затоа што наводно имал закани по животот.

За какви закани станува збор нема детали, но, јасно е дека поранешниот министер и понатаму ќе биде обезбедуван на државна сметка.

Лидер испратил прашања до МВР, но до моментот на објавување на оваа информација нема одговор која е причината поради која Филипче ќе биде обезбедуван.