„Во последните 2 години околу 15 илјади Албанци се вратија од шенген – зоната и ним им е забранет влезот во таа зона во рок од неколку години. Холандија, Франција и Белгија се трите главни земји, кои најмногу наметнуваат протерувања на Албанците.“ – пренесуваат информативниот портал „27.ал“ од Албанија и информативната агенција на албански јазик ИНА од Македонија.
ИНА пренесе: „Во Тирана, главниот град на Албанија, е зголемен бројот на адвокатските канцеларии, кои се занимаваат со бришењето на нивниот престој во шенген – зоната. ‘Во последно време и Шпанија започна да се додава на оваа листа. Бездруго, и Германија е држава, во која Албанците имаат проблеми со нелегалниот престој, или со престојот, кој го надминува дозволениот рок од 90 денови и несомнено тие бидуваат казнети поради овој факт.’ – изјави адвокатот Франци Нури.“
„Азилот и загрозувањето на јавната безбедност се други причини, поради кои ги казнуваат Албанците. ‘Кога азилот е одбиен во 90 проценти од случаите луѓето, откако заминале, и не се свесни дека биле протерани. Паметат дека процедурите се завршени, паметат дека можат да се вратат и да се движат слободно низ Европа, но тие автоматски се казнуваат без да го знаат тоа“, објасни Нури.“
„Овој адвокат вели дека протерувањето се разликува зависно од тоа за која држава станува збор и од причината за протерување. За да се избрише протерувањето од системот, или тоа да се отстрани предвремено, надоместоците се движат од 200 до 500 евра. Ако некое лице патува повторно надвор од земјата, тогаш граничната полиција ќе му бара потврда дека неговата ситуација е расчистена во Европа.“





