Касами: „Се надевам дека ќе се смени и централната власт, за да не може Ахмети да го штити криминалот“

„Лидерот на опозициската Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами денеска одговори на изјавите на лидерот на владејачката Демократската унија за интеграција Али Ахмети, кој истакна дека Касами треба да ги аргументира своите обвинувања кон претходната локална власт во Тетово.“ – објавија ТВ 21 и весникот на албански јазик „Лајм“ во информацијата со наслов „Касами му одговара на Ахмети: Се надевам дека ќе се смени централната власт, за да не го штитиш криминалот.“

„Лајм“ натаму пренесува: „Касами рече дека сите аргументи за злоупотребите во Општина Тетово ќе ги достави до органите на правдата. ‘Посакувам Ахмети да не биде премногу сигурен во судството, каде што тој длабоко ги стави рацете. Сепак, јас сум почитувач на Уставот, ќе ги почитувам и правосудните институции. Сите аргументи што ги имам за злоупотребите, направени во Општина Тетово, ќе ги насочам кон органите на правдата.’ – изјави Касами.“

„Тој потврди дека веќе се поднесени три тужби до обвинителството. ‘Досега до Основното обвинителство Тетово се веќе поднесени три кривични пријави и целосно сум убеден дека се оправдани. Ќе продолжиме да ја идентификуваме секоја злоупотреба во општина Тетово, да го известуваме Обвинителството и се да процесуираме пред органите на правдата. Верувам дека ќе има силна промена и во централната власт, така што Ахмети нема да има можност да ги заштитува криминалот во општина Тетово и во централната власт, како што досега го штитеше.’ – рече, меѓу другото, Билал Касами, градоначалникот на Тетово и лидер на Беса.“