Д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик, вечерва со објава на својот фејсбук – профил реагираше во врска со содржината на „Годишната програма за национален интерес во културата, пишувајќи:
„Прашања кои ме мачат:
„ – Како е можно во Годишна програма за национален интерес во културата во година кога се слави 150 години од раѓањето на Гоце Делчев да не биде предвиден ниту еден настан за славење на најголемиот МАКЕДОНСКИ ВЕЛИКАН?“
„ – Зошто Годишната програма започнува со проекти на албански јазик кога и според Уставот прв јазик е македонскиот?“
„ – Каков е придонесот за Македонија на албански преродбенски дејци со потекло од (замислете) северна Македонија?“
„ – Од кога тоа делата на академици се вреднуваат пониско од некои анонимуси со недооформено образование?“
„ – Од кога тоа МК во растојание од 3-4 години финансира книги со речиси ист наслов од ист автор и полуист издавач, а не се работи за бестселер или роман на годината?“
„И уште низа прашања – ме мачат… ама ќе бидам пријателски коректна, па нема да ги поставам…“ – вели Елка Јачева-Улчар во својата објава на фејсбук.





