Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги искоментира обвинувањата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој тврдеше дека екс градоначалничка од ДУИ Теута Арифи правела злоупотреби.
Тој вели дека ако Касами има аргументи за тоа што го зборува, има институции, има тела кои можат да ги покренат овие прашања.
„Не би сакал прашања од дневната политика да добиваат политички терен, да оцрнуваат личности, да оцрнуваат политички партии да користат неаргументирани работи во правен процес“, изјави Ахмети.
Претходно, Касами објави дека голем број лица биле на платен список во општината, не оделе воопшто на работа, а меѓу нив имало и лица кои се во странство. Арифи пак кажа Касами да се занимава со градот, а не со неа.





