Утре здравствените работници ќе ги посетат основните училишта за да ги тестираат учениците од ковид 19.
Скринингот ќе се одвива во училиштата а не на вакциналните пунктови и ќе опфати околу две илјади деца чии родители дале согласност.
Скринингот се прави поради зголемениот број заболени меѓу основците, додека кај средношколците состојбата е стабилна.
Аналитичката и статистичката обработка ќе даде податоци за трансмисијата на вирусот и за асимптоматско присуство.





