Анкета: Секој втор Бугарин е за задржување на тврдата позиција кон Македонија

Половина од 1.060 полнолетни граѓани на Бугарија анкетирани од 6 до 14 февруари од социолошката агенција „Алфа рисрч“, поточно 49 проценти од нив, се за задржување на досегашната потврда позиција кон Македонија.



Помалку од една третина или 31 отсто од анкетираните го поддржуваат новиот пофлексибилен пристап на Владата на Кирил Петков, а 20 отсто изјавиле дека не можат да проценат.

Во прилог на зачувувањето на тврдата позиција кон „браќата“ од југозападниот сосед се изјасниле мнозинството приврзаници на партиите од владината коалиција, освен тие на Демократска Бугарија, која има 16 пратеници од вкупно 240 во Народното собрание.