Мециновиќ: Индиции за сериозен криминал од директорот на Универзална сала

Директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев од ЛДП кој бил назначен од екс градонљчалникот на Скопје Петре Шилегов потрошил огромни парични средства за објектот што со години ме работи.



Според членот на Левица Амар Мециновиќ анализата на финансиското работење на Аврамчев укажува на индиции за сериозен криминал.

,,Аврамчев потрошил речиси милион денари за обезбедување настани. Иако Универзалната сала со години не е во функција, тој потрошил 500.000 денари за изнајмување возила за сопствени луксузирања”, изјавува
на прес-конференција Амар Мециновиќ.

Видеото во твитот