Русија протера висок дипломат кој служи во американската амбасада во Москва, објавија во четвртокот РИА Новости и ТАСС, повикувајќи се на американската мисија.



Од Барт Горман, кој ја извршуваше функцијата заменик амбасадор, беше побарано да ја напушти земјата, тврдат тие.

Од американската амбасада изјавија за новинските агенции дека Вашингтон размислува за одговор, пренесе Раша тудеј

Горман е американски дипломат од кариера, специјализиран за безбедност. Тој претходно служеше како заменик-помошник секретар и помошник директор за истраги и анализа на закани во Бирото за дипломатска безбедност на одделот.

Тој, исто така, беше офицер за безбедност во голем број американски дипломатски мисии ширум светот, вклучително и во Русија, Ирак, Јордан, Кина, Казахстан и Ерменија.

Официјална Москва се уште не го коментирала случајот.