Џафери: Пратениците ќе добијат нови мобилни ако има потреба

Претседателот на Собранието, Талат Џафери Во синоќешното гостување на ТВ 24, претседаелот на Собранието разјасни што значи потпишувањето на нов договор на две години со „Телеком“ за кој ќе треба да се издвојат речиси 200.000 евра.



„Не се земани мобилни, договорот е јавен. Не се купуваат мобилни. Тоа е јавна набавка за две години. Јавна набавка е обезбедување телефонија за работа на Собранието, 300 луѓе служба, 120 луѓе пратеници. Тоа не е купување телефони, туку е субвенција кога ќе заврши договорот. Од име на поените што ќе се трошат, од име на Собранието“, рече Џафери.

Според него, пратениците ќе добијат нови телефони ако има потреба.