Македонски историчари во акција против редефинирање на фашизмот и антифашистичката војна

Утре со почеток во 11:00ч., во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ), ќе се одржи Научна трибина насловена „77 години потоа: Обиди за редефинирање на фашизмот и антифашистичката војна”, 18. 2.2022, 11:00ч“, информираат од здружението.



Трибината има цел во моменти кога владата на Македонија е под сериозен притисок да се согласи со пром нбана својата јата историја и идентитет да се иницира научна дебата со која ќе се адресираат тенденциите за политичкиот третман на историјата, што го засегнува и редефинирањето на самото поимање на термините фашизам и антифашизам.

,,Со ваквиот историски ревизионизам диктиран од политичките условувања, директно се задира во самиот карактер на антифашистичката војна и се доведуваат во прашање историските придобивки на АСНОМ, како фундамент на современата македонска државност и национална самобитност”, се вели во најавата на настанот кој ќе биде модериран проф. д-р Митко Б. Панов а говорници ќе бидат: проф. д-р Трајче Стојанов, проф. д-р Тодор Чепреганов и екс членот на комисијата за историја и образование со Бугарија проф. д-р Александар Литовски.

Ова е прво јавно појавување на Литовски откако Османи не му го продолжи договорот за членство во Комисијата. Неговото појавување на трибината индицира каков бил неговиот став додека бил член на комисијата со Бугарија.

Здружението на историчари на Република Македонија најавува дека во периодот пред нас ќе реализира серија трибини, тркалезни маси, предавања, пригодни настани со кои ја одбележува 70-годишнината од основањето и 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.