„На социјалните мрежи е распределено едно видео, кое го обезбеди информативниот портал на албански јазик ‘Инфошќип’, на кое се гледа претседателот на општина Дебар од редовите на Демократската унија за интеграција Хекуран Дука додека рецитира песна за поранешниот претседател на СФРЈ Југославија. Во тоа време, во 1978 година, Хекуран Дука бил член на книжевна група и во тоа негово детство на видеото се гледа како тој со ентузијазам пишувал и рецитирал песни за Јосип Броз Тито.“ – објави „Инфошќип“ во својата вест со наслов „Ексклузивно: Видео кога претседателот на Дебар од ДУИ Хекуран Дука пишуваше и рецитираше поезија за поранешниот лидер на Југославија Јосип Броз Тито“.
Инаку, изминатите денови фејсбук профилот на „Алмакос.мк“’ објави видео, на кое лидерот на ДУИ Али Ахмети се одушевува од поранешниот албански комунистички диктаторт Енвер Хоџа, што се гледа и од снимката која е поставена. Во кусата објава која го проследува видеото, може да се забележи Ахмети како страсно ја слуша и ја потпевнува песната посветена на Енвер Хоџа. ‘Цели пет века мајка чекаше/ На Скендербег брат му израсна/ Енвер Хоџа е неговото име’ – е рефренот, кој го потпевнува Ахмети.“





