Канадската полиција им постави ултиматум на демонстрантите против мерките за Ковид-19 во Отава,и се закани со апсење доколку не го деблокираат градот, објави АФП.
На 20-тиот ден од големите протести наречени „Конвој на слободата“ беа поделени летоци со предупредување: „Морате веднаш да ја напуштите областа“.
Се наведува дека секој што блокира патишта или им помага на другите да го сторат тоа, го крши законот и може да биде уапсен за тие прекршоци.
Полицијата ги предупреди и возачите кои протестираа дека може да им бидат одземени возилата, да им се одземат возачките дозволи и да се проверат нивните банкарски сметки.
На улиците на канадската престолнина се уште се паркирани стотици камиони, чии сопственици одбиваат да го напуштат градот и бараат средба со премиерот Џастин Трудо.
Вчера началникот на полицијата во Отава поднел оставка по критиките дека не направил доволно за да се справи со протестите.







