Десетина дена откако почна со издржување на затворската казна екс судијата и претседател на скопска „единица“, Владимир Панчевски, ќе излезе од затвор!
Врховниот суд на Република Северна Македонија, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, донесе решение со кое тие се укинуваат, а целиот случај се враќа на повторно одлучување, објави правосудство.мк.
Согласно одлуката на Врховниот суд, Владимир Панчевски, кој пред десетина дена започна со издржување на затворската казна, сега ќе се најде на слобода од каде ќе учествува на ново судење кое ќе трае со години.
Во Советот кој ја донел одлуката има дури четворица судии Албанци и само една судијка Македонка. Имено, претседател на Советот е судијата Сафет Кадрии, а во него партиципираат судиите Фаик Арслани, Џемаили Саити, Африм Фидани и судијката Мирјана Лазарова Трајковска, пишува порталот.
Совет во одлуката образложува дека постапувал по поднесено барање за вонредно преиспиутување на пресудата на велешкиот суд од 4. август 2020 и на скопска Апелеција од 14. јули мината година и дека на 9. овој месец, односно само седум дена подоцна од денот кога Панчевски ќе започне со издржување на затврската казна, е донесена одлуката со која се укинуваат двете пресуди и дека предметот се враќа на повторно судење.
Владимир Панчевски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, надвор од системот АКМИС, а по сопствена волја, на рака и со негов птпис на судии коишто тој ги одбрал, поделил 45 судски предмети.






