ТВ Алсат: „Во општина Арачиново 20 години никогаш не е наплаќан данок“

„Најмалку две децении во општина Арачиново не се плаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеа да стави во функција систем или софтвер за наплата на овој данок од граѓаните. Некои од поранешните градоначалници, со кои контактиравме, ни кажаа дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер за плаќање данок на имот, додавајќи дека ‘како што нашле, така и оставиле.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат“ пишува. „Досегашни градоначалници на општина Арачиново се: Мурат Ајдини од ППД, еден мандат, Решат Ферати од ДПА, еден мандат, Музафер Бислими од ДУИ еден мандат, Басри Бајрами од ДР, еден мандат, Брахим Ајвази од ДУИ, еден мандат, Миликије Халими од СДСМ, еден мандат, и Ридван Ибраими од ДУИ, сегашен градоначалник.“



„Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети.’ – изјави Миликије Халими, поранешна градоначалничка на Арачиново.’

„Како што нашле другите, така наследивме и ние, затоа не сме имале софтвер. И ние не успеавме тоа да го направиме. Секој претседател мандат по мандат и така остана. Зошто и ние не направивме? Целиот проблем ми беше што буџетот беше ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, камоли да сториме нешто надвор од ова.’ – рече Брахим Ајвази, поранешен градоначалник на Арачиново.

„Актуелниот градоначалник на Арачиново Ридван Ибраими изјави дека веќе го инсталирале софтверот и е обучен тим за регистрација на имоти на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.“

„На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека се неправедно обвинети. Во општината не беше инсталирана даночна програма. Срамота е што имаат дозволено раководителите на општината во минатото.’ – нагласи Ридван Ибраими, градоначалникот на Арачиново.“

„Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше со буџет за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините, на кои им се помогнало, како тие ги создаваат високите долгови.“