ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за намалување на акцизата за горивата

При денешната посета на општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе поднесат закон за намалување на акцизата за горива истакна дека бидејќи владата не е разумна самата да ги намали акцизите на горивата ВМРО-ДПМНЕ во деновите кои што следат ќе поднесе таков предлог закон.



„Чекавме владата да се вразуми и самата да ги намали акцизите, но бидејќи тоа очигледно не се случува, деновите кои што следат ќе има таков предлог“, нагласи Мицкоски.