Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица,  10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19.