„Беса“: Нека прифати Ковачевски предвремени парламентарни, па да се види кој има мнозинство во Собранието

„За да се види, како што велат од Беса, кој навистина го има мнозинството во Собранието Ковачевски нека го прифати предизвикот на опозицијата и државата да оди на предвремени парламентарни избори.“ – ја пренесува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ реакцијата на опозициската партија Беса.

„Беса“ реагира кон премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски:

„Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски за улогата на Движењето БЕСА во Собранието се несериозни и го покажуваат пристапот на актуелната власт, дека сакаат се да помине низ силата на бројките, на купените пратеници или искривувањето на волјата на граѓаните на државата.“

„Движењето БЕСА е конструктивна опозиција, која целосно го соголи хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, па како ќе се однесуваат пратениците од Движењето БЕСА во Собранието не е работа на премиерот Ковачевски. Балансот на условите, особено преку комисиите во Собранието, е поставен во 2020 година и каква било промена треба да се направи дури откако ќе се одржат парламентарни избори и ќе дојде нов пратенички состав во Собранието.“

„Ако Ковачевски е убеден дека го има мнозинството, го повикуваме да го прифати предизвикот на опозицијата и да се оди на предвремени парламентарни избори, а дотогаш тој може да ‘ужива’ во задачата што ја презеде како премиер со мнозинство купено и уценувано, кое што не ја одразува политичката реалност на пресудата на народот“.