„Арбен Фетаи од Алијансата на Албанците го објави ставот дека неговата партија бара ревизија на постојниот систем на патарина на патиштата во Македонија, изнесувајќи на фејсбук и споредба со патарината во Белгија.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ ја пренесува објавата на Фетаи на фејсбук: „Гостиварчанец кој патува со автомобил на работа во Скопје троши 68.000 денари годишно на патарина. Значи, скоро четири минимални плати од 18.000 мкд само за патна такса. Додадете нафта за автомобилот околу 180.000 денари и дневни оброци околу 50.000 денари годишно, тогаш испаѓа дека работникот троши 298.000 денари, само за да стигне на работа или 16,5 минимални плати.“
„За споредба, јас, како работник во Белгија:
1. Плаќам патна такса од 154 евра годишно за автомобил од 1.000 кубика.
2. Имам годишна претплата за воз од градот каде што живеам во градот каде што работам, 100% однапред платена од работодавачот.
3. Добивам чек во ресторан од 8 € дневно, што го плаќа работодавецот.“
„Мојот вистински трошок за одење на работа е околу 100 евра патна такса и 200 евра бензин за делот од дома до железничката станица, односно 300 евра годишно, или 18% од минималната плата во Белгија, или поточно една минимална плата во Македонија.“
„Затоа, Алијансата за Албанците се залага за:
1. Ревизија на моделот на патарина на автопати и за воведување нов модел, поправеден за корисникот.
2. Задолжително покривање на патните трошоци на работниците, кои се недостапен трошок за секој од нив.
3. Подобрување на меѓуградскиот јавен превоз, за да се обезбедат алтернативи на личното возило.“





