„Замрзнувањето на цените се штитат повеќе богатите бидејќи по пониски цени купуваат поевтини производи, а кога цените се слободни, државата мора да интервенира кај социјално ранливите категории, поточно онаму каде е најпотребно до граница каде има прифатливо поскапување“,вели професорот Ванчо Узунов за Фокус.
Ако владата ги замрзне цените на производите, тие ќе бидат можеби пониски, но претпријатијата ќе бараат помош од државата и на тој начин повторно поскапувањето ќе го платат граѓаните преку даноците, коментира професорот.
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март повеќе нема да има замрзнати цени, но ќе има одмрзнување на производните маржи на странските производи увезени во трговијата.
Тоа главно ќе се однесува на основни прехранбени производи, рече министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите.







