Во 2016 година бројот на вработени лица во Македонија бил 723.550, од кои во приватниот сектор работеле 555.894 лица, а во јавниот сектор 167.657 лица.
Во 2021 година бројот на вработени во Македонија бил 795.024, од кои 594.949 во приватниот сектор и 200.075 во јавниот сектро или односот е 74,8 : 25,2. Односно, на секои тројца вработени во приватниот сектор доаѓа по еден админситративец, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика.
Ова е зголемување за цели 32.000 лица или во последните три години годишно се вработувале по речиси 10.000 лица, објави МКД.Мк.








