Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на Управувањето на јавниот долг-задолжување на Македонија според кој, достигнат е лимитот на јавениот долг од 60 отсто од Бруто домашниот производ.
-Во услови на Ковид-пандемијата достигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП и долгот е зголемен за 15 процентни поени.
Во Република с. Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг“, наведува ДЗР.







