Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција најави дека досегашната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени производи ќе важи до крајот на февруари.
Истовремено министерот рече дека се очекува да се спречи зголемувањето на цените со утврдување на увозни маржи за производите на големо и мало.
„Ќе се оди со дефинирање на одредени профитни маржи и во трговијата на мало и на големо за производите кои се увезуваат во Македонија. Нашата забелешка е дека кај производите што не ги произведуваме, односно ги увезуваме, има поголемо зголемување на цените и според тоа ќе се оди најверојатно со опцијата на маржите“, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.






