„Колку повеќе се одложува решавањето на спорот меѓу с.Македонија и Бугарија, толку повеќе се отвораат нови прашања. До вчера беа јазикот и идентитетот, потоа излезе Гоце Делчев и името ‘Република с.Македонија’, а сега празникот ‘11 Октомври’ може да стане проблем. Ако продолжи спорот, којзнае кое ново спорно прашање може да се појави. Отворањето нови спорови ги одалечува страните од можноста за решавање на спорот.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Колку повеќе се одложува решението со Бугарија, толку повеќе проблемите се продлабочуваат!“
„Журнал“ пишува: „Бугарскиот европратеник од опозициската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, Андреј Ковачев во телевизиско интервју го опиша како контроверзен празникот ‘11 октомври“ во односите меѓу Бугарија и Македонија. ‘Таму е се уште празник, како што го нарекуваат, денот кога во октомври беше испукана првата пушка кон Бугарите. Ако ништо не се промени од претходниот режим на Титова Југославија, не можете да влезете во ЕУ со истата идеологија.’ – рече Ковачев.“
„Тој истакна дека образованието не треба да се заснова на омраза. ‘Мораме да бидеме заедно, како рамноправни членки на ЕУ, но нашите помлади генерации не смеат да воспостават образование што испраќа омраза меѓу нив. Не можеме да го прифатиме тоа, ова е основниот елемент на европската вредност, дел од копенхагенските критериуми.’ – изјави европратеникот.“
„Според него, треба да се намали омразата на говорот, што доаѓа од книгите, медиумите и академските кругови во Македонија. ‘Образовниот систем и медиумите во с.Македонија мора да почнат да ја објективизираат нашата заедничка бугарска историја. Тоа е во името на нашата заедничка европска иднина. Немаме начин да ја поддржиме сегашната идеолошка база на с.Македонија.’ – додаде Ковачев.“
„Последната изјава на Ковачев е доказ дека колку повеќе се одложува решавањето на спорот, толку повеќе се отвораат нови прашања. До вчера беа јазикот и идентитетот, потоа излезе Гоце Делчев и името ‘Република с.Македонија’, а сега 11 Октомври може да стане проблем. Ако продолжи спорот, којзнае кое ново спорно прашање може да се појави. Отворањето на нови спорови ги одалечува страните од можноста за решавање на спорот.“
„Реално, во овој натпревар во моментов с.Македонија губи многу повеќе од Бугарија. Поради оваа причина, тешко е да се процени дали поединци и субјекти, кои поднесуваат македонски патриотски резолуции, како онаа за Гоце Делчев, и сакаат добро, или лошо на својата земја. Навистина е тешко да се процени дали одложувањата, предизвикани од ваквите резолуции, се за помош на Македонија или за помош на Бугарија.“
„Неодамнешното минато остава многу простор за сомнеж. Отфрлањето на името ‘Република Македонија-Скопје“ на самитот во Букурешт тогашниот премиер Никола Груевски го оцени како патриотски гест. Но, Македонија загуби 12 години до полноправното членство во НАТО и на крајот спорот заврши со уште поштетно решение, како што се оценува името ‘Република с.Македонија’ во споредба со тогашниот предлог ‘Република Македонија – Скопје“.
„Штетата од долгорочното одложување на членството на земјата во НАТО може да се процени на стотици милиони, а можеби и на милијарди изгубени инвестиции. Сега сме во ситуација горе-долу иста како во 2007 година, пред самитот во Букурешт. За нашите македонски сограѓани звучи убаво како патриотски гест кога некој ќе поднесе резолуција до Гоце Делчев. Но, одложувањето на решавањето на спорот, што се предизвикува не само што ќе биде економски штетно, туку може да заврши и со решение поштетно за с.Македонија отколку се решенијата, кои се предложуваат на масата сега.“- истакнува „Журнал“ во својата анализа.





