Антикорупциска комисија бара да се отвори кривична постапка за долгогодишниот градоналаник на општина Студеничани, Азем Садики, поради недомаќинско работење и трошење средства од буџетот.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска појаснува дека во 2020 година на сметка на Општината биле исплатени 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а извештајот вклучува поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари, без прилог дека работите се извршени и одобрени.
„На членовите на Советот на Општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по основ на месечен надоместок за присуство на седници, кои пак воопшто не се одржале,“ информираше претседателката на ДКСК.







