Руските пратеници изгласаа резолуција со која се признаваат народните републики Доњецк и Луганск на истокот од Украина и на границата со Русија во кои живее мнозинско руско население.
Вчера проектот насловен „За потребата од признавање на Доњецката и Луганската народна република“ беше доставен на гласање од пратениците од „Единствена Русија“.
Според претседателот на парламентот Вјачеслав Володин, документот ќе биде испратен до претседателот Владимир Путин.
Пратениците веруваат дека признавањето на Народната република Доњецк и Луганск ќе ја обезбеди безбедноста на териториите и ќе го заштити народот на републиките од надворешни закани, како и дека ќе го зајакне меѓународниот мир и регионалната стабилност, рече Володин.
Украинскиот станува единствен официјален јазик во цела Украина
Гласањето за документот се совпаѓа со сериозна ескалација на тензиите меѓу Руската Федерација и западните земји околу безбедноста на Украина и концентрацијата на руски трупи на границата.
Денеска беа лиферувани информации дека дел од руската војска се повлекува, наспроти наводните сознанија на разузнавачките служби дека едно од можните сценарија е Русија да изврши инвазија утре, 16 февруари.







