Судот во Велес ја ослободи од обвинение Павлинка Иловска, којашто во самоодбрана смртно го рани својот партнер-полицаец.,
Трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.
Случајот ја потресе јавноста, откако се дозна дека таа била малтретирана од својот партнер, и на кој во миг на самоодбрана, му нанела фатална рана со нож.
Во текот на сведоштвата беше осознаено дека убиениот често се однесувал насилно и бил пријавуван, но полицијата никогаш не постапила по пријавите.
Убиениот беше полицаец во СВР Велес, во два наврати е условно осуден за две кривични дела во велешкиот Основен суд, еднаш оти прегазил шестмина тинејџери и еднаш оти ја давел сестрата на Пале.






