Бугари со петиција против „Месец на македонското малцинство“ во САД

Бугарите кои живеат во САД собираат потписи во петицијата до Конгресот против „Месец на македонското малцинство“ во САД, пренесува Њуз.бг



Потписите ги собира организацијата Пирин по повод предлог-резолуцијата на повеќе конгресмени, чија цел е да се одбележи придонесот на Македонците во американската историја, да се слават „нивниот јазик и култура“.

Меѓу покровители на нацрт-резолуцијата е и конгресменот Клаудија Тени, која го покрена прашањето за можни санкции против Бугарија поради одбивањето да го поддржи почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

Најстарите организации на Бугарите кои емигрирале во САД тврдат дека предлог-резолуцијата содржи директни фалсификати, како на пример дека Бугарите од Македонија кои емигрирале во Америка по Илинденското востание и Балканските војни биле претставени како Македонци.