Минатиот месец, за прв пат американскиот извоз на течен природен гас во Европа ги надмина испораките на рускиот гасовод. Рускиот извоз, кој вообичаено сочинува околу 30% од потрошувачката на гас во Европа, значително се намали поради цените кои се околу четири пати повисоки поради ескалацијата на украинската криза, пишува Вол стрит Журнал.
„Додека индустријата за нафта и гас продолжува да се опоравува од пандемискиот колапс на цените во пролетта 2020 година, Соединетите држави повторно се најголемиот светски производител на нафта – скоро 20% над своите два конкуренти – Саудиска Арабија и Русија“, пишува веникот.
Успехот на американската нафтена индустрија авторот Даниел Јергин директно го поврзува со ескалацијата на кризата во Украина.
„Денес нема сомнеж за геополитичкото значење на новата позиција на Америка во (извоз) на нафтата и гасот.
Кризата во Украина и енергетската криза во Европа го обликуваат глобалното влијание на американското производство на нафта и гас“, пишува Ергин.
Претходно во телефонски разговор британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден изјавија дека е неопходно да се намали зависноста на европските земји од рускиот гас.







