Откажување на Украина од амбицијата за НАТО ќе ги намали стравовите на Москва за безбедноста и ќе помогне во преговорите со Западот за безбедносните гаранции кои ги бараме, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Украина нема да се откаже од амбицијата да се приклучи на НАТО одговорија украинските власти. До руските власти упатија и порака да учествуваат на утрешниот состанок со другите земјите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и да ја разјаснат ситуацијата на руско – украинската граница. Според последните проценки на САД околу 130 000 руски војници се распоредени во близина на границата со Украина. Украинскиот претседател има барања и до неговиот американски колега – да ги види доказите што ги поткрепуваат тврдењата на САД дека Русија има намера да ја нападне Украина во рок од неколку дена и да го посети Киев што е можно побрзо.
Над 11 земји меѓу кои и Македонија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина. Македонските дипломати засега остануваат во Киев. Русија да го намали притисокот врз Украина и да не размислува на дополнителна воена агресија напиша на Твитер геманскиот канцелар кој денеска отпатува за Киев а утре ќе биде во Москва кај Путин.





