Рама и Ѓачка од САД му се заканија на Путин да се откаже од инвазијата врз Украина пред да биде доцна!

„Премиерот на Албанија Еди Рама и министерката за надворешни работи на оваа земја Олта Ѓачка од САД, каде што се наоѓаат на средбата на Организацијата на Обединетите нации, му се заканија отворено на рускиот претседател Путин да се откаже од инвазијата врз Украина. Тие бараат од Путин да крене раце од воениот напад, пред да биде доцна.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.



ИНА пишува: „Изјавите ги упати Министерството за надворешни работи на Албанија, кое го повтори повикот кон Русија за да се определи за дипломатско решение во кризата со Украина.“

„Во своја објава на твитер ова министерство ја нагласува поддршката кон ‘суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.’ ‘Во оваа тешка ситуација сакаме да ја потврдиме уште еднаш поддршката на Албанија кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Го обновуваме својот повик до Русија да ги намали тензиите и да ја реши ситуацијата на дипломатски начин.’ – пишува на твитер Министерството за надворешни работи на Албанија.“

„Денешното реагирање е второ, по повикот кон албанските граѓани да заминат од Украина, бидејќи сигналите за избувнување војна се многу силни.“