Зеленски го поканил Бајден да ја посети Украина

Соединетите Држави ќе одговорат брзо и решително, заедно со своите сојузници и партнери, на секоја понатамошна руска агресија врз Украина, истакнал амаериканскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот колега Володимир Зеленски.



Висок украински функционер рече дека Зеленски ги обновил повиците до Вашингтон да обезбеди поголема воена и финансиска поддршка за Украина и побарал Бајден да ја посети Украина што е можно поскоро, објави Си-Ен-Ен.

Американските власти рекоа дека патувањето на Бајден во Украина е крајно неверојатно.

Зеленски му ја нагласил на Бајден потребата од значителен финансиски пакет за Украина.

Украинскиот лидер му нагласи на својот американски колега дека силната економска поддршка – според зборовите на официјалниот претставник – „ќе му покаже на Путин дека Западот стои со Украина и дека влијанието на ескалацијата на Путин нема да вроди со плод“.