Македонија и Бугарија дефинирале кое и е најбитното прашање на секоја од нив од пакетот политички прашања за кои преговараат. Ова е исходот од првото до во детали соочување на преговарачка маса на позициите на двете земји, што се случи на техничко ниво во Софија во четвртокот. Иако на првата средба немало поместување на позициите на ниедна од страните, кои остануваат различни, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, со став дека самото дефинирањето на клучните теми како за Скопје, така и за Софија, е исчекор, пренесе Телма.
-За нас најважни се идентитетските прашања, за нив е прашањето на бугарската заедница во Македонија, што го идентификува патот по кој може да се движи овој процес, вели Османи.
Османи во тој контекст повлече паралела со спорот со Грцији велејќи дека кога било утврдено кои се најважните позиции на секоја од земјите, дало шанса да биде постигнато решение.
Османи директно не одговори дали впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав како најбитно прашање за Софија истовремено значи дека таа се повлекла од позицијата на дефинирање на македонската нација и јазик како вештачки создадени.
Османи денеска пред новинарите најмногу одговараше за нереципрочниот однос во реакциите на двете страни околу сензитивните теми, при што му беа посочени низата од реакции од Бугарија на средбата на претседателот Стево Пендаровски со Македонците од Бугарија, додека за средбата на Бугарите од Македонија со бугарскиот државен врв и постојаното негирање на Софија дека Македонци во Бугарија постојат, остануваа без реакција. Османи на ова одговори дека целта не е да се покаже кој е погласен и да ескалираа состојбата со Бугарија, туку обратно.





