ВМРО-Народна партија е за предлогот „една изборна единица“, но како што се развива дебатата стравува дека целата иницијатива набрзо ќе пропадне.
„Затоа ВМРО-Народна партија предлага да се побара компромис во предлогот на ДУИ и БЕСА за изборен модел кој опфаќа три изборни единици без долен праг. Длабоко сме уверени дека и ваквата промена е сепак подобра од моменталниот изборен модел и дава поголеми шанси на малите политички партии“, соопшти партијата на Љубчо Георгиевски.







