Еснаф човек низ солзи раскажува како државата го уништила со казна од 7000 евра (ВИДЕО)

Гевгеличанец, кој зел кредит за да отвори ресторан мора да го затвори бизнисот кој носел скромен приход за негово и преживување на вработените.



На угостителот финансиска полиција и му одредила 7000 евра казна, со забрана за работа поради 4 гости кои му покажале лажен ковид сертификат за кои тој нема начин да ја провери валидноста.

,,Плаче на глас, од мака, пред сите свои!
Читам по социјалните мрежи, од луѓе што го знаат и доволно познаваат, дека бил еснаф човек. Почитуван сограѓанин кој вработил и обучувал млади луѓе, на кои и во време на корона им делел пристојна плата.

Јас, лично не го познавам! Но, батето е за поддршка во обесправеноста пред системот!”, пишува негов познаник кој објавува и видео од јавното обраќање на уништениот Гевгеличанец.

Линкови до видеото на кое сопственикот објавува што се случило

https://www.facebook.com/atanasov.aleksandar.3/videos/973165973629389/

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10221105051599870&id=1351330830